НОВ ЗЕЛАНД ГО ПРИЈАВИ ПРВИОТ СМРТЕН СЛУЧАЈ ПОВРЗАН СО КОВИД ВАКЦИНАТА НА „ФАЈЗЕР“

    НОВ ЗЕЛАНД ГО ПРИЈАВИ ПРВИОТ СМРТЕН СЛУЧАЈ ПОВРЗАН СО КОВИД ВАКЦИНАТА НА „ФАЈЗЕР“Миокардитис е познат, но многу редок несакан ефект на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ (Фото: СДК.МК)

    Нов Зеланд го регистрираше првиот смртен случај поврзан со вакцината против ковид-19 на „Фајзер/Бионтек“. Независно тело за набљудување на безбедноста на вакцините кажа дека жената најверојатно починала од миокардитис, односно воспаление на срцевиот мускул, додавајќи дека имало и други медицински причини кои можеле да придонесат за трагичниот исход по вакцинирањето.

    Европските регулатори велат дека миокардитис е познат, но многу редок несакан ефект на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ и „Модерна“ и почесто се јавува кај помлади мажи.

    Официјалната причина за смртта на жената допрва ќе се утврдува, но новозеландското тело за набљудување на безбедноста на вакцините смета дека миокардитисот веројатно е последица на вакцинирањето.

    „Ова е прв случај во Нов Зеланд смртта да настапи неколку дена по примањето на вакцината на ‘Фајзер/Бионтек‘“, објави министерството за здравство, не наведувајќи ја возраста на починатата жена.

    Од „Фајзер“ признаваат дека имало случаи на миокардитис по вакцинирањето, но такви несакани ефекти биле екстремно ретки.

    Како симптоми на миокардитис се наведуваат болка во градите, губење здив и абнормални отчукувања на срцето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира