НОВ ЗЕЛАНД ГО СТАВИ ОКЛЕНД ВО 12-ДНЕВЕН КАРАНТИН ПОРАДИ 29 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС

    НОВ ЗЕЛАНД ГО СТАВИ ОКЛЕНД ВО 12-ДНЕВЕН КАРАНТИН ПОРАДИ 29 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУСВластите се надеваат дека за 12 дена ќе го идентификуваат кластерот во Окленд (Фото: Гети)

    Новозеландската премиерка Џесинда Ардерн објави 12-дневно продолжување на рестриктивните мерки во Окленд откако бројот на нови случаи на коронавирус се зголеми на 29. Од средата, кога во земјата беа регистрирани први случаи на локално пренесување на вирусот по 102 дена, Окленд се наоѓа во трет степен на тревога од максимални четири. Во остатокот на земјата на сила е втор степен на тревога.

    Властите сѐ уште ја истражуваат причината за кластерот во Окленд.

    „Се надеваме дека за 12 дена ќе успееме да го идентификуваме кластерот, ќе го изолираме и ќе го вратиме Окленд во втор степен на тревога. Сите 29 нови случаи на коронавирус се поврзани со еден кластер во Окленд“, изјави Ардерн.

    Окленд ќе биде во карантин во наредните 12 дена, што значи затворање на сите јавни установи и места, како музеи, кина, библиотеки и детски игралишта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира