НОВ ЗЕЛАНД ЈА ЛЕГАЛИЗИРАШЕ ЕВТАНАЗИЈАТА, НЕ И МАРИХУАНАТА

    НОВ ЗЕЛАНД ЈА ЛЕГАЛИЗИРАШЕ ЕВТАНАЗИЈАТА, НЕ И МАРИХУАНАТАНовиот закон за евтаназија ќе стапи на сила во ноември следната година (Фото: АП)

    Нов Зеланд изгласа легализација на евтаназијата, што беше опишано како победа на сочувството и љубезноста. На референдумот што се одржа паралелно со неодамнешните парламентарни избори, 65,2% гласачи се изјасниле за озаконување на правото животот да се заврши по избор.

    Ова ќе им овозможи на тешко болните луѓе, на кои им преостануваат уште шест месеци живот, да изберат потпомогнато умирање, ако тоа биде одобрено од двајца лекари.

    Во исто време, Новозеланѓаните ја одбија легализацијата на марихуаната со 53,1% гласови, што би можело да се промени откако ќе се избројат и 480.000 специјални гласови.

    Резултатите од референдумот се обврзувачки и новиот закон за евтаназија ќе стапи на сила во ноември следната година. Нов Зеланд со тоа влегува во мала група земји во кои таа е дозволена, како Холандија и Канада.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира