НОВАТА УНГАРСКА ВЛАДА ЈА ПРОГЛАСИ РУСИЈА ЗА ЗАКАНА

    НОВАТА УНГАРСКА ВЛАДА ЈА ПРОГЛАСИ РУСИЈА ЗА ЗАКАНАВо документ потпишан од Петер Маѓар, Унгарија ја осудува руската воена агресија на Украина (Фото: ДПА)

    Новата влада на Унгарија ја прогласи Русија за закана, што е отстапување од досегашната надворешна политика на земјата, која беше пријателски настроена кон Русија под водство на долгогодишниот премиер Виктор Орбан. Класификацијата се појави во документ со кој се утврдуваат насоките за унгарската делегација за Генералното собрание на Обединетите нации во септември, кој беше потпишан од наследникот на Орбан, Петер Маѓар.

    Унгарија ја осудува руската воена агресија и целосно ги поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во рамките на нејзините меѓународно признати граници“, се наведува во документот.

    Исто така, се нагласува дека Унгарија го признава правото на Украина на самоодбрана.

    Однесувањето на Русија претставува закана за Унгарија, Европа и глобалниот поредок. Будимпешта ги поддржува сите напори што би довеле до преговори за траен мир и долгорочни безбедносни гаранции за Украина“, се вели во документот.

    Додека Орбан беше на власт, Унгарија ги ублажуваше или ги опструираше санкциите на ЕУ против Русија и водеше клеветечки кампањи против Украина. За разлика од другите членки на НАТО, Унгарија одбива да ѝ испорачува оружје на Украина и се спротивставува на нејзиниот забрзан пристап кон ЕУ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира