НОВИ 97 ПОЧИНАТИ ВО ИТАЛИЈА, СЕ ЗАТВОРААТ СИТЕ СКИЈАЧКИ ЦЕНТРИ ЗАШТО ЛУЃЕТО БИЛЕ НЕРАЗУМНИ

    НОВИ 97 ПОЧИНАТИ ВО ИТАЛИЈА, СЕ ЗАТВОРААТ СИТЕ СКИЈАЧКИ ЦЕНТРИ ЗАШТО ЛУЃЕТО БИЛЕ НЕРАЗУМНИВо Италија досега има 463 починати и 7.985 заразени (Фото: Анса)

    Италија ќе ги затвори сите скијачки центри во земјата од утре сабајле, со наредба на Владата откако беше објавено дека денеска има нови 97 починати од коронавирусот.

    Северните и централните региони на земјата од вчера се во карантин, но министерот за регионални работи Франческо Бочија изјави дека некои скијачки центри ја злоупотребиле ситуацијата за да се рекламираат.

    „Решивме да ги затвориме сите скијачки центри во земјата. Наредбата стапува на сила утре наутро. Иако често повикувавме на здрав разум, тој не постои секогаш, при што сме сведоци и на срамни рекламни кампањи. Некои го искористија тоа што училиштата се затворени за да одат во планина“, изјави Бочија.

    Специјалниот комесар Анџело Борели објави дека во последните 24 часа починале 97 луѓе од КОВИД-19, а има и 1.598 нови случаи. На тој начин вкупните бројки пораснаа на 463 починати и 7.985 заразени.

    „Работиме на воведување усогласени правила за целата територија на земјата. Неопходно е да постои дисциплина во цела Италија“, кажа Бочија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира