НОВИ ЕКСПЛОЗИИ НА КРИМ, УКРАИНА ВЕЛИ ДЕКА СЕ УНИШТЕНИ РУСКИ ПРОЕКТИЛИ

    НОВИ ЕКСПЛОЗИИ НА КРИМ, УКРАИНА ВЕЛИ ДЕКА СЕ УНИШТЕНИ РУСКИ ПРОЕКТИЛИПроруските власти во градот Џанкој кажаа дека областа била нападната со дронови (Фото: Твитер)

    Експлозија во северниот дел на анектираниот полуостров Крим уништи руски проектили кои биле превезувани со воз, објави украинското министерство за одбрана. Проруските власти во градот Џанкој кажаа дека областа била нападната со дронови.

    Иако ги потврди експлозиите, Украина, како и во претходните слични случаи, не презеде одговорност за нив.

    Овие експлозии го продолжуваат процесот на демилитаризација на Русија и го подготвуваат украинскиот полуостров Крим за деокупација“, стои во соопштението на украинското министерство за одбрана.

    Оттаму додаваат дека проектилите биле наменети за руската црноморска флота.

    Игор Ивин, шефот на локалната управа поставен од Русија, изјави дека едно лице е повредено во нападот и дека неколку згради се запалени, но не спомна дека има оштетени воени цели.

    Русија ја обвини Украина за нападот со дронови врз црноморската флота во Севастопол во октомври 2022, кога бил оштетен еден брод.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира