НОВИНАРКА НА АЛ ЏАЗИРА ЗАСТРЕЛАНА ДОДЕКА ИЗВЕСТУВАШЕ ЗА ИЗРАЕЛСКИ НАПАД ВО ПАЛЕСТИНА

    НОВИНАРКА НА АЛ ЏАЗИРА ЗАСТРЕЛАНА ДОДЕКА ИЗВЕСТУВАШЕ ЗА ИЗРАЕЛСКИ НАПАД ВО ПАЛЕСТИНАШерин Абу Аклех беше една од најпознатите новинарки во Блиски Исток. (Фото: Ал Џазира)

    Новинарка на Ал Џазира е убиена од израелската армија во окупираната територија Западен Брег, соопштија катарската телевизија и палестинското министерство за здравство.

    Шерин Абу Аклех беше застрелана додека известуваше за рација на израелската армија во градот Џенин, велат од Ал Џазира. Таа беше една од најпознатите новинарки во Блиски Исток.

    Израелската армија вели дека новинари можеби биле погодени за време на судир на нивните сили со палестински вооружени лица.
    Уште еден новинар е повреден, но е во стабилна состојба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира