НОВИНАРКА ОД МАЛТА, КОЈА ГО ОБВИНИ ПРЕМИЕРОТ ЗА КОРУПЦИЈА, УБИЕНА ВО ЕКСПЛОЗИЈА

    НОВИНАРКА ОД МАЛТА, КОЈА ГО ОБВИНИ ПРЕМИЕРОТ ЗА КОРУПЦИЈА, УБИЕНА ВО ЕКСПЛОЗИЈАДафне Каруана Галиција беше жестока критичарка на политичката сцена на Малта (Фото: Тајмс оф Малта)

    Реномирана блогерка и истражувачка новинарка од Малта, која ја обвини владата на овој европски остров за корупција, загина во експлозија, соопшти полицијата, додавајќи дека, најверојатно, не станува збор за несреќен случај.

    Педесет и тригодишната Дафне Каруана Галиција загинала, откако автомобилот што таа го возела експлодирал непосредно по тргнувањето од нејзиниот дом во селото Бидниџа.

    Премиерот на Малта, Џозеф Маскат, кого Галиција неодамна го обвини за криминални дела, го осуди овој „варварски чин“.

    „Сите добро знаат дека Галиција беше мој остар критичар, и политички и лично, а таква беше и кон други. Но, не може да постои никакво оправдување за ваков чин. Нема да се смирам додека овој случај не добие правна разврска“, изјави Маскат.

    Локалната телевизија пред две недели објави дека Галиција се пожалила во полицијата дека добива закани, не додавајќи други детали.

    Ова се случи само четири месеци по победата на Лабуристичката партија на предвремените избори, што беа распишани откако Галиција ги поврза Маскат и неговата сопруга со компанија од Панама, преку која се переле пари од Азербејџан.

    Во својот последен блог, Галиција ја опиша политичката ситуација во земјата како очајна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира