НОВИОТ СОЈ НА КОВИД-19 ОТКРИЕН И ВО ШВЕДСКА, ФРАНЦИЈА, ШПАНИЈА И ЈАПОНИЈА

    НОВИОТ СОЈ НА КОВИД-19 ОТКРИЕН И ВО ШВЕДСКА, ФРАНЦИЈА, ШПАНИЈА И ЈАПОНИЈАУнгарија денеска прва почна со вакцинирање против ковид-19, а другите земји на ЕУ почнуваат утре. (Фото: Ројтрес)

    Новиот сој на коронавирусот поврзан со брз пораст на инфекции во Велика Британија е откриен и во Шведска, Франција и Шпанија, како и во Јапонија.

    Во Шведска патник од Велика Британија се разболел и бил позитивен на тестот, соопшти шведската здравствена агенција. Патникот е изолиран и досега не се откриени нови позитивни случаи. Шведска наметна ограничувања на почетокот на овој месец за влез на патниците од Велика Британија, поради загриженоста за новиот сој. Слични мерки презедоа и неколку други земји во ЕУ и низ целиот свет.

    Во Франција, Министерството за здравство синоќа рече дека човек кој неодамна пристигнал од Лондон бил позитивен на тест за новиот сој на вирусот.

    Во Шпанија, здравствените власти во Мадрид денеска соопштија дека потврдиле четири случаи на новиот сој на вирусот.

    Јапонија денеска соопшти дека привремено ќе забрани влегување на странски државјани кои не се жители на земјата, по откривањето случаи на новиот многу позаразен сој на коронавирусот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира