НОВИТЕ ФУНТИ СЕ ПЛАСТИЧНИ, ЛЕСНИ ЗА ПЕРЕЊЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:20:"Лондон,(АП)

    НОВИТЕ ФУНТИ СЕ ПЛАСТИЧНИ, ЛЕСНИ ЗА ПЕРЕЊЕ

    Времињата се сменија, новите британски пари се пластични. Новата банкнота од пет фунти, пуштена во промет денеска, е направена од силен полимер и може да издржи перење во машина за перење без да се распарчи како хартиените банкноти што ги заменува.

    Банкнотата ги има сите потребни карактеристики за заштита од фалсификување и функционери од Банката на Англија велат дека ќе биде почиста, посигурна и посилна од хартиените пари. Но, не е се модерно на новата пара: портретот на новата банкнота од пет фунти е од воениот премиер Винстон Черчил, кој се уште е еден од најценетите британски државници.

    Во промет ќе бидат пуштени околи 440 милиони нови банкноти, а во наредните години ќе бидат воведени пластични банкноти од 10 и 20 фунти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира