ЊУЈОРШКАТА ПОЛИЦИЈА ГО ЗАСИЛИ ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ОКОЛУ ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ПОРАДИ МИСТЕРИОЗНИТЕ ИНЦИДЕНТИ СО ШАХТИ

    ЊУЈОРШКАТА ПОЛИЦИЈА ГО ЗАСИЛИ ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ОКОЛУ ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ПОРАДИ МИСТЕРИОЗНИТЕ ИНЦИДЕНТИ СО ШАХТИОвие необјаснети инциденти со месеци ја збунуваат полицијата во Њујорк, бидејќи снимките од надзорните камери постојано бележат луѓе како се спуштаат во шахти или излегуваат од нив низ целиот град. (Фото: АП)

    Полициската управа на Њујорк ја засили безбедноста околу Генералното собрание на ОН по серијата мистериозни инциденти во кои луѓе влегувале и излегувале од шахти. Засилената безбедност уследи по инцидентот што се случи рано на 23 септември, кога три непознати лица излегоа од канализацијата во населба каде што престојуваат многу светски лидери кои се во градот, соопшти полицијата. Нивните мотиви остануваат нејасни, а сите тројца успеале да побегнат.

    Овие необјаснети инциденти со месеци ја збунуваат полицијата во Њујорк, бидејќи снимките од надзорните камери постојано бележат луѓе како се спуштаат во шахти или излегуваат од нив низ целиот град. Вчера, двајца осомничени беа приведени во врска со сличен инцидент и обвинети за неовластен пристап и заговор, соопшти полицијата.

    Едно можно објаснување е дека луѓето се спуштаат под земја во потрага по вредни предмети. Поединци неодамна влегувале во „канализацискиот систем за да бараат вредни предмети и отпаден метал по невреме“, изјави портпарол на полицијата. Инцидентот од 23 септември, за време на неделата на ОН, би можел да се вклопи во истиот образец.

    Неодамна, поединци влегувале во „канализацискиот систем за да бараат вредни предмети и отпаден метал по невреме“, изјави оваа недела портпарол на полицијата, како што пренесе „Њујорк тајмс“. Сепак, весникот разговараше со градски водич кој организира официјални тури низ њујоршката канализација, а тој изрази сомнеж во таа теорија. Највредниот предмет што тој го пронашол за време на своите бројни спуштања под земја, рече Стив Данкан, била истечена кредитна картичка.

    Властите во Њујорк предупредуваат да не се влегува во канализацискиот систем, наведувајќи опасности како што се токсични и потенцијално смртоносни гасови, нестабилно тло и ненадејни поплави.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира