ОБАМА ЈА ОТКАЖА СРЕДБАТА СО ФИЛИПИНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ОТИ ГО ПЦУЕЛ

a:1:{s:9:"td_source";s:36:"Виентијан,(агенции)

    ОБАМА ЈА ОТКАЖА СРЕДБАТА СО ФИЛИПИНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ОТИ ГО ПЦУЕЛ

    Американскиот претседател Барак Обама ја откажа средбата со филипинскиот претседател Родриго Дутерте, откако Дутерте го опиша Обама со вулгарен термин, соопшти портпаролот на Белата куќа. Дутерте, популист познат по дрскиот речник и по неговата кампања против дрогата во која загинаа илјадници луѓе, го нарече Обама „курвин син“  во изјава за новинарите пред планираната средба утре во Лаос, каде се собираат лидерите од југоисточна Азија на годинашниот самит. Обама дозна за навредата на крајот од самитот на Г-20 во Хангжу, Кина, непосредно пред да пристигне денеска во Виентијан за прва посета на американски претседател на Лаос.
    Дутерте одговараше на новинарско прашање како планира да му ги објасни на Обама убиствата без судски процес, пред да се качи на авион за Лаос.
    „Мора да бидете повнимателни. Не може тукутака да се расфрлате со прашања и изјави. Курвин син, ќе го пцујам на тој форум. Ќе се валкаме во кал како свињи ако ми го направи тоа“, беше одговорот на Дутерте, пренесен од АФП.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира