ОБЛОЖУВАЛНИЦА ЌЕ ИСПЛАТИ 270.000 ДОЛАРИ ОТКАКО ТРАМП КАЖАЛ ДЕСЕТИНА ЛАГИ ВО ОБРАЌАЊЕТО ДО НАЦИЈАТА

    ОБЛОЖУВАЛНИЦА ЌЕ ИСПЛАТИ 270.000 ДОЛАРИ ОТКАКО ТРАМП КАЖАЛ ДЕСЕТИНА ЛАГИ ВО ОБРАЌАЊЕТО ДО НАЦИЈАТАТрамп и натаму ја држи владата делумно затворена, бидејќи Конгресот одбива да му даде пари за ѕидот (Фото: Гети)

    Онлајн обложувалницата „БукМејкер“ им понуди на своите корисници можност да се обложат колку „лажни изјави“ ќе даде Доналд Трамп во своето вчерашно обраќање до нацијата по повод мигрантската криза на американско-мексиканската граница и затворањето на владата.

    Џон Лестер, советникот на „БукМејкер“, изјави дека само во првите 12 часа од воведувањето на оваа опција примиле понуди од 100.000 долари, при што намерно го избегнале зборот „лаги“, за да не мора да докажуваат дека Трамп „свесно погрешно ја наведува јавноста“. Квотата била ставена на 3,5 „лажни изјави“ во осумминутниот говор на Трамп и „Вашингтон пост“ изброил 11.

    „Свесни дека голем број кабловски мрежи ќе го пренесуваат говорот, сакавме да видиме колку пати Трамп, кога светот му го мери секој збор, свесно ќе ја преувеличи вистината за да ја оствари својата агенда“, вели Лестер.

    Ова на крајот се покажа погрешен потег на „БукМејкер“, имајќи предвид дека ќе мора да исплати добивки во вкупна вредност од 276.424 долари.

    „Знаевме дека сме во неволја од прв момент“, призна Лестер.

    Конгресот и натаму одбива да му одобри пари на Трамп за изградба на ѕидот, со што владата останува делумно затворена веќе 20 дена. Трамп, кој бара 5,7 милијарди долари за железната ограда, го напуштил состанокот со водечките демократи по само 14 минути, нарекувајќи го „целосно губење време“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира