ОД КОВИД-19 ПОЧИНАЛЕ ОКОЛУ 115.000 ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ, ВЕЛИ СЗО

    ОД КОВИД-19 ПОЧИНАЛЕ ОКОЛУ 115.000 ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ, ВЕЛИ СЗОЗдравствените работници треба да бидат приоритет при вакцинирањето, вели СЗО (Фото: Гети)

    Ковид-19 сериозно го погодил здравствениот сектор низ светот и се проценува дека од оваа болест починале околу 115.000 медицински лица, вели Светската здравствена организација.

    „Здравствените работници треба да бидат приоритет при вакцинирањето“, вели шефот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, критикувајќи ја нерамноправната дистрибуција на вакцини.

    Бројката на смртните случаи го опфаќа периодот од јануари 2020 до мај 2021.

    „Податоците од 119 држави велат дека на глобално ниво, двајца од петмина здравствени работници се целосно вакцинирани, но притоа постои голема разлика помеѓу региони. Во просек, помалку од еден од десет здравствени работници во Африка се вакцинирани против ковид-19“, додаде Гебрејесус.

    СЗО предупредува дека поради недостиг на вакцини, пандемијата би можела да продолжи во голем дел од следната година. Помалку од 5% од населението во Африка е вакцинирано, додека на повеќето други континенти просекот е 40%. Најголем дел од светското количество вакцини е купен од државите со високи и средновисоки примања.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира