ОДБИЕНО БАРАЊЕТО НА ЕРДОГАН ДА СЕ ПРЕБРОЈУВААТ ГЛАСОВИ ВО ИСТАНБУЛ

    ОДБИЕНО БАРАЊЕТО НА ЕРДОГАН ДА СЕ ПРЕБРОЈУВААТ ГЛАСОВИ ВО ИСТАНБУЛЕрдоган обвини дека изборите во Истанбул биле нарушени од организиран криминал (Фото: Ројтерс)

    Државната изборна комисија на Турција го одби барањето на партијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган повторно да се пребројат гласовите во 31 област во Истанбул.

    Ердоган вчера кажа дека локалните избори во Истанбул биле нарушени од „организиран криминал“, најавувајќи ја можноста за прегласување на 31 март во градот во којшто опозицијата победи со мало мнозинство.

    „Комисијата се согласи само да има повторно броење на гласови на 51 избирачко место распоредени во 21 област во градот“, изјави Реџеп Озел, претставник на Државната изборна комисија.

    Потпретседателот на владејачката партија АК, Али Исан Јавуз, изјави дека тие ќе ја оспорат оваа одлука.

    „Невозможно е да се донесе таква одлука кога имаше толку многу нерегуларности. Ќе се обидеме да ја оспориме оваа одлука“, кажа Јавуз, барајќи целосно поништување на изборите во една област, што уште не е разгледувано.

    За првпат по четврт век, АКП се соочува со губење на власта во двата најголеми града во Турција, Анкара и Истанбул, каде што Ердоган беше градоначалник во 1990-ите. Тој смета дека разликата од 10.000 гласови е премала за да се прогласи победа во град со десет милиони гласачи.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари