ОДЛОЖЕН ПОЧЕТОКОТ НА ПРИМИРЈЕТО ВО ГАЗА, ИЗРАЕЛ ПРОДОЛЖИ СО ВОЗДУШНИТЕ НАПАДИ

    ОДЛОЖЕН ПОЧЕТОКОТ НА ПРИМИРЈЕТО ВО ГАЗА, ИЗРАЕЛ ПРОДОЛЖИ СО ВОЗДУШНИТЕ НАПАДИИ Израел и Хамас кажаа дека борбите ќе продолжат откако ќе истече примирјето (Фото: АП)

    Војната беснее во Газа, додека договорените примирје и ослободување заложници се одложени за еден ден, до утре. Израелската војска соопшти дека извела 300 воздушни напади вчера, при што палестинските медиуми известија за напади во северните области, но и во јужниот град Кан Јунис.

    „Преговорите за ослободување на заложниците напредуваат и продолжуваат. Ослободувањето ќе почне според првичниот договор помеѓу страните, но не пред петок“, изјави израелскиот советник за национална безбедност Цахи Ханегби.

    Во првото примирје од почетокот на војната треба да бидат ослободени 50 жени и деца кои Хамас ги држи како заложници, во замена за 150 Палестинци во израелските затвори. Договорот, постигнат со посредство на Катар, беше објавен вчераутро, но почетокот на неговото спроведување се одложи за еден ден.

    Израел понуди дополнителен ден примирје за секои нови десет ослободени заложници, при што палестински извори велат дека до крајот на месецот би можеле да бидат пуштени до 100 заложници. И Израел и Хамас кажаа дека борбите ќе продолжат откако ќе истече примирјето.

    „Не запираме со војната. Продолжуваме до победата“, изјави шефот на израелската војска Херци Халеви.

    Главниот катарски преговарач Мохамед ал-Кулафи изрази надеж дека ова е само вовед во подолго примирје.

    „Нашата работа не е завршена. Ќе продолжиме со разговорите со двете страни со цел да обезбедиме деескалација и подолг период на примирје. Израел во почетокот не прифаќаше ни привремена пауза во борбите, но ние не се откажувавме“, изјави Ал-Кулафи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира