ОГРОМЕН ПОРОЈ ОД КАЛ ОДНЕСЕ 80 КУЌИ ВО ЈАПОНИЈА, СЕ ТРАГА ПО НАЈМАЛКУ 19 ЛУЃЕ

    ОГРОМЕН ПОРОЈ ОД КАЛ ОДНЕСЕ 80 КУЌИ ВО ЈАПОНИЈА, СЕ ТРАГА ПО НАЈМАЛКУ 19 ЛУЃЕОколу 80 куќи во градот Атами се целосно затрупани, се стравува за 100 жртви. (Фото: АП)

    Огромен порој од кал и одрони се втурна во куќите во град западно од Токио по обилните дождови, при што исчезнаа најмалку 19 лица, соопштија властите. Околу 80 куќи во градот Атами се целосно затрупани. Се претпоставува дека дури 100 луѓе може да се исчезнати под наносите од кал, а во тек се масовни спасувачки операции за пронаоѓање преживеани.

    Поројните дождови погодија делови од Јапонија уште од почетокот на неделава. Експертите велат дека поради тоа омекнала почвата, со што се зголемуваат ризиците за свлечишта во земјата која е богатаа со долини и планини.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира