ОХРИД МУ ЈА ВРАТИ НА БЕЛГРАД ОГРАДАТА ОД СРПСКАТА СКУПШТИНА ШТО СТОЕШЕ ВО ВИЛАТА „БИЛЈАНА“ НА ТИТО

    ОХРИД МУ ЈА ВРАТИ НА БЕЛГРАД ОГРАДАТА ОД СРПСКАТА СКУПШТИНА ШТО СТОЕШЕ ВО ВИЛАТА „БИЛЈАНА“ НА ТИТОГеоргиески му ја предаде оградата на претседателот на српскиот парламент Ивица Дачиќ (Фото: Скупштина)

    Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, денеска го врати делот од старата ограда на српската Скупштина во Белград, што повеќе децении стоеше во вилата „Билјана“.

    Тој ги повика Србите да го посетат Охрид во што поголем број откако му ја предаде оградата на претседателот на српскиот парламент Ивица Дачиќ. Овој дел од оградата по 1956 година бил префрлен во вилата „Бипјана“ во Охрид, која своевремено повремено ја користеше Јосип Броз-Тито, а денес е резиденцијален објект на македонскиот претседател.

    Станува збор за оградата која стоела пред зградата на парламентот од 1936 до 1956 година и Дачиќ изјави дека министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, неодамна му потврдил дека еден нејзин дел се наоѓа во Охрид.

    „Тогаш се договоривме градоначалникот на Охрид да дојде во Белград и да ни ја донесе оградата“, изјави Дачиќ.

    Според Георгиески, враќањето на делот од оградата е знак на пријателство помеѓу двата народа.

    Оградата од ковано железо, изработена според проектот на рускиот архитект Николај Краснов, била демонтирана во 1956 година. Според Дачиќ, останатиот дел од оградата се наоѓа во Заводот за заштита на спомениците на културата на Белград и целта е таа повторно да се постави околу зградата.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира