ОЛАНД: ЕГИПЕТСКИОТ АВИОН ПАДНАЛ ВО СРЕДОЗЕМНО МОРЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Париз,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОЛАНД: ЕГИПЕТСКИОТ АВИОН ПАДНАЛ ВО СРЕДОЗЕМНО МОРЕ

    Авион на Иџипт ер со 56 патници и десет членови на екипажот на лет од Париз за Каиро паднал во Средоземното Море, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд на прес конференција во Париз. Според сите иформации,  ербасот 320 на летот МС 804 авионот паднал, а сите хипотези за причините се во игра, рече Оланд.

    „Информациите што ги собравме – министри, владини претставници и се разбира египетските власти – потврдуваат дека, за жал, авионот паднал. Загубен е“, рече Оланд и додаде дека мора да се стори се за да се најдат остатоците од авионот.

    Париското обвинителство соопшти дека отворило истрага за несреќата и повтори дека ниедна хипотеза за причините не е исклучена.

    Грчкиот  министер за одбрана рече дека авионот направил остро свртување пред да исчезне од радарот.

    Претпоставена патека на исчезнатиот авион. Извор: flightradar24.com

    Претпоставена патека на исчезнатиот авион. Извор: flightradar24.com

    Авионот што полетал од парискиот аеродром Шарл де Гол во 11 часот синоќа на редовна линија за Каиро изгубил контакт со радарот десет минути откако влегол во египетскиот воздушен простор, околу 2 часот и 45 минути, по египетско време.

    „Ербас“ ја потврди „загубата“ на авионот стар 13 години.

    Во потрагата се вклучени египетските и грчките воени сили. Франција понуди да прати авиони и бродови за помош во потрагата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари