ОМИКРОН СЕ ШИРИ НИЗ ЕВРОПА СО БРЗИНА НА СВЕТЛИНАТА, ПРЕДУПРЕДИ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕМИЕР

    ОМИКРОН СЕ ШИРИ НИЗ ЕВРОПА СО БРЗИНА НА СВЕТЛИНАТА, ПРЕДУПРЕДИ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕМИЕРДосега, Британија е најпогодена во Западна Европа од новиот сој, а вчера беа регистрирани 15 илјади случаи со омикрон. (Фото: ЕПА)

    Сојот омикрон  на ковид-19 се шири низ Европа со брзина на светлината и најверојатно ќе стане доминантен во Франција за неколку дена, на почетокот на новата година, предупреди францускиот премиер Жан Кастекс. Франција вчера воведе строги рестрикции за сите кои доаѓаат од Велика Британија. Досега, Британија е најпогодена во Западна Европа од новиот сој, а вчера беа регистрирани 15 илјади случаи со омикрон.

    Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека омикрон се шири значително побрзо од делта сојот, и тоа од 1,5 до 3 дена.

    Дополнителни рестрикции од петокот воведоа и Германија, Ирска и Холандија. Изминативе неколку денови, Италија, Грција и Португалија најавија дека патниците од ЕУ ќе мора да приложат негативен ПЦР тест за влез во земјата, дури и оние кои се вакцинирале против ковид-19.

    Во Европа досега се регистрирани над 89 милиони заболени од коронавирус и 1.5 милиони смртни случаи.

    Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах изјави дека „земјата мора да се подготви за предизвик каков што не сме имале досега во оваа форма“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира