ОНИЕ ШТО ЌЕ ОДБИЈАТ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ПРОТИВ КОВИД-19 НЕ БИ ТРЕБАЛО ДА ИМААТ ПРАВО НА РЕСПИРАТОР, ВЕЛИ ГЕРМАНСКИ ЛЕКАР

    ОНИЕ ШТО ЌЕ ОДБИЈАТ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ПРОТИВ КОВИД-19 НЕ БИ ТРЕБАЛО ДА ИМААТ ПРАВО НА РЕСПИРАТОР, ВЕЛИ ГЕРМАНСКИ ЛЕКАРГерманија треба да почне со вакцинирањето против ковид-19 после Божиќ (Фото: Ројтерс)

    Луѓето кои одбиваат да се вакцинираат против ковид-19 не би требало да имаат пристап до респиратор и други итни медицински услуги, смета член на германскиот Етички совет.

    „Секој што ќе одбие да се вакцинира постојано со себе би требало да носи документ во кој ќе пишува: ‘Јас не сакам да се вакцинирам. Сакам да ја оставам заштитата од болеста на други. Ако се разболам, сакам на други да им оставам кревет на интензивна нега и респиратор‘“, изјави генетичарот Волфрам Хам за весникот „Билд“.

    Тој смета дека се оправдани критичките прашања поврзани со вакцинирањето, но им порача на луѓето да им веруваат на оние кои навистина се разбираат, место на теоретичари на заговори, противници на вакцинирањето и обични мислители.

    „Им препорачувам на сите оние кои шират паника веднаш да отидат во најблиската болница и да им ги претстават своите теории на лекарите и медицинските сестри кои тукушто излегле од преполните болнички соби целосно исцрпени“, вели Хам.

    Германија има раширено движење против коронамерките, кое има одржано неколку големи протести.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира