ОРБАН ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО УНГАРИЈА ПОРАДИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

    ОРБАН ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО УНГАРИЈА ПОРАДИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНАОрбан кажа дека владата утре ќе ги објави првите мерки (Фото: ЕПА)

    Виктор Орбан прогласи уште една вонредна состојба во Унгарија поради војната во соседната Украина.

    Светот е на работ на економска криза. Унгарија мора да остане надвор од оваа војна и да ја заштити финансиската сигурност на семејствата. Тоа бара простор за маневри и итна акција“, кажа Орбан.

    Овој потег ќе ѝ овозможи на владата „да реагира моментално и во сите ситуации за да се заштити унгарскиот народ“. Орбан кажа дека владата утре ќе ги објави првите мерки.

    Во земјата веќе е на сила вонредна состојба воведена поради пандемијата на коронавирусот, но таа треба да истече следниот вторник.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира