ОРБАН СЕ ЗАКАНИ СО ВЕТО НА ЗАЕМОТ НА ЕУ ОД 90 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА УКРАИНА АКО КИЕВ НЕ ЈА ПУШТИ РУСКАТА НАФТА ПО НАФТОВОДОТ „ДРУЖБА“

    ОРБАН СЕ ЗАКАНИ СО ВЕТО НА ЗАЕМОТ НА ЕУ ОД 90 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА УКРАИНА АКО КИЕВ НЕ ЈА ПУШТИ РУСКАТА НАФТА ПО НАФТОВОДОТ „ДРУЖБА“Украина претходно го прекина протокот на нафтоводот со образложение дека објектот е оштетен при руски напад во јануари. (Фото: СДК.МК)

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави дека неговата земја ќе го блокира заемот од 90 милијарди евра што Европската Унија планира да ѝ го додели на Украина, сè додека Киев не го обнови транзитот на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“. Украина претходно го прекина протокот на овој нафтовод со образложение дека објектот е оштетен при руски напад во јануари.

    Орбан преку социјалните мрежи порача дека Унгарија нема да дозволи да биде притисната и дека блокадата на заемот ќе трае додека Украина го блокира нафтоводот. Сличен став има и Словачка, чиј премиер Роберт Фицо веќе прогласи вонредна состојба со снабдувањето и најави возвратни мерки против Украина доколку не се отвори линијата што води од Русија преку украинска територија до Словачка и Унгарија.

    Словачката министерка за економија, Дениса Сакова, изјави дека Украина го одложила продолжувањето на испораките на нафта за 24 февруари.

    Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, обвини дека со блокирањето на транзитот Украина го прекршува Договорот за асоцијација со ЕУ. Според него, станува збор за уцена на која Будимпешта нема да попушти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира