ОРБАН СО ЗАКОН ЌЕ ЗАБРАНИ БЛОКИРАЊЕ МОСТОВИ НА ПРОТЕСТИТЕ

    ОРБАН СО ЗАКОН ЌЕ ЗАБРАНИ БЛОКИРАЊЕ МОСТОВИ НА ПРОТЕСТИТЕМостовите, особено во главниот град Будимпешта, која е поделена со реката Дунав, станаа фокусна точка на антивладините протести во изминатите години. (Фото: АФП)

    Унгарската влада планира закон со кој ќе ги спречи демонстрантите да блокираат мостови, за да ги брани правата на оние кои не протестираат, изјави вчера премиерот Виктор Орбан. Мостовите, особено во главниот град Будимпешта, која е поделена со реката Дунав, станаа фокусна точка на антивладините протести во изминатите години.

    На 1 април, илјадници луѓе демонстрираа на мостот Елизабет во градот додека повторно протестираа против законот кој има за цел да го забрани годишниот марш на гордоста на ЛГБТК+ групите, а кој критичарите го гледаат како дел од поширокото задушување на демократските слободи пред парламентарните избори во 2026 година. Орбан, кој се соочува со силен предизвик од зголемената опозициска партија пред изборите, ја критикуваше ЛГБТК+ заедницата и вети дека ќе го спречи странското финансирање на независните медиуми и невладините организации во Унгарија.

    „Слободата на собири е важна… но не е нормално што во меѓувреме илјадници или десетици илјади се заглавени во сообраќаен метеж“, рече Орбан во интервју за државното радио.

    Орбан, кој е на власт од 2010, рече дека новиот закон е потребен за да се спречат блокадите на мостовите бидејќи моментално тие се дозволени судска одлука.

    „Судиите го применуваат законот донесен од владата… Можеме да направиме една работа, можеме да го промениме законот за да спречиме блокирање на неколку мостови врз основа на судски одлуки“, рече Орбан, кој промовира христијанско-конзервативна агенда.

    Парламентот, во кој доминира партијата Фидес на Орбан, минатиот месец донесе закон за забрана на маршот на гордоста со образложение дека може да биде штетен за децата. Организаторите на фестивалот велат дека тој не претставува никаква закана за децата и планираат да го одржат настанот и покрај забраната.

    Претходно, Орбан рече дека фактот оти собири како оној на 1 април може да се одржат значи дека нема закана за демократијата во земјата, нарекувајќи ги опозициските протести против забраната на маршот на гордоста како „провокација“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира