ОСКАРОВКАТА МАРИОН КОТИЈАР НЕГИРА ДЕКА Е ЉУБОВНИЦА НА БРЕД ПИТ

a:1:{s:9:"td_source";s:28:"Париз,(Би-Би-Си)

    ОСКАРОВКАТА МАРИОН КОТИЈАР НЕГИРА ДЕКА Е ЉУБОВНИЦА НА БРЕД ПИТ

    Француската оскаровка Марион Котијар го прекина молкот за разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли, и негира дека таа има врска со нивната разделба. Актерката се осврна на гласините во објава на Инстаграм.

    „Пред многу години, го запознав мажот на мојот живот. Тој ми е љубов, најдобар другар, единствениот кој ми треба“, рече таа.

    Котијар откри и дека со сопругот Гијом Кане го очекуваат нивното второ дете. Приватниот живот на 40-годишната актерка беше фрлен во центарот на вниманието по веста дека Џоли во понеделникот поднесе барање за развод, поради „непомирливи разлики“.

    Котијар и Пит играат заедно во воената драма „Сојузници“

    Котијар и Пит играат заедно во воената драма „Сојузници“

    „Ова е моја прва и последна реакција на веста од пред 24 часа, во која бев вовлечена. Не сум навикната да коментирам вакви работи ниту пак да ги земам за сериозно, но бидејќи ситуацијата се развива и засега луѓе кои ги сакам, мора да прозборам. Прво, пред многу години го запознав мажот на мојот живот, татко на нашиот син и на бебето кое го очекуваме. Тој ми е љубов, најдобар другар, единствениот кој ми треба. Второ, за оние кои велат дека сум скршена, добро сум, фала. Овој разговор не ме тревожи. А на сите медиуми и на тие што мразат и кои брзаат да осудат, искрено ви посакувам брзо закрепнување. Конечно, многу се надевам дека Анџелина и Бред, кои длабоко ги почитувам, ќе најдат мир во овој бурен момент. Со сета моја љубов, Марион“, напиша Котијар.

    Пит изјави за магазинот „Пипл“ дека е „многу тажен“ што му завршил бракот и рече дека „она што е најважно е доброто на нашите деца“.

    Според бракоразводното барање, Џоли бара старателство над нивните 6 деца и бара судот на Пит да му додели право на посета. Нејзиниот адвокат рече дека одлуката е донесена „за добро на семејството“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира