ОСНОВАЧОТ НА ТВИТЕР ДОНИРА МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ ЗА БОРБАТА ПРОТИВ КОВИД-19

    ОСНОВАЧОТ НА ТВИТЕР ДОНИРА МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ ЗА БОРБАТА ПРОТИВ КОВИД-19Џек Дорси ќе даде 28% од неговото севкупно богатство (Фото: Ројтерс)

    Основачот на Твитер и на платежната апликација Сквер, Џек Дорси, вети дека ќе донира една милијарда долари за да ја помогне борбата против коронавирусот.

    Според Дорси, тоа претставува 28% од неговото севкупно богатство, но не прецизираше како парите ќе бидат распределени.

    Тој кажа дека ќе ги искористи своите акции во Сквер за да ги финансира донациите зашто поседува многу од нив.

    „Светот има итна потреба од средства за борба против коронавирусот. Еднаш кога ќе ја победиме пандемијата на КОВИД-19, фондовите ќе бидат пренаменети за здравје и образование на девојчиња и за истражувања. Сакам да донирам во цели чии ефекти ќе можам да видам додека сум жив“, напиша Дорси на Твитер.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира