ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА БОМБАШКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК УАПСЕН И ОБВИНЕТ ЗА ПЕТ УБИСТВА ВО ОБИД НА ПОЛИЦАЈЦИ

a:1:{s:9:"td_source";s:39:"Њујорк,(разниизвори)

    ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА БОМБАШКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК УАПСЕН И ОБВИНЕТ ЗА ПЕТ УБИСТВА ВО ОБИД НА ПОЛИЦАЈЦИ

    48-часовната потрага по бомбашот кој го тероризираше Њујорк викендов заврши синоќа со престрелка помеѓу полицијата и осомничениот за нападите, во која беа повредени двајца полицајци, а осомничениот заврши на носилки со прострелни рани.

    Ахмад Рахами (28) беше пронајден вчера во Линден, Њу Џерси во 10.30 часот наутро по локално време, кога сопственикот на таверната „Мердис“ наиде на човек, кој многу личеше на осомничениот, чиј лик беше објавен во медиумите. Беше повикана полиција и кога полицајците му пријдоа на Рахами, тој извади пиштол и погоди еден од нив во стомакот. Полицаецот се спаси, благодарение на панцирот. Рахами потоа избега, но беше следен од полицајците.

    Во бркотницата, тој беше погоден неколку пати и со крв на лицето и видливи рани на рамето и коленото, му беа ставени лисици и беше качен на носилки и однесен во болница. Во престрелката беше ранет и втор полицаец, но, за среќа, куршумот само помина до неговиот череп и тој заврши без посериозни повреди.

    Рахами беше идентификуван откако на една од бомбите беше пронајден негов отпечаток, а полицијата ги имаше неговите отпечатоци во датабазата како резултат на неговото претходно апсење за обид да ја прободе сестра си. Еден од мобилните телефони, најден закачен за импровизирана експлозивна направа, исто така, беше поврзан со него.

    Рахами, кој е роден во Авганистан и има американско државјанство, се досели во САД на седум години, заедно со татко му Мохамед. Рахами е осомничен за трите експлозии викендов во Њујорк и Њу Џерси во кои беа повредени 29 луѓе. Веќе е обвинет за пет убиства во обид на полицајци и му беше одредена кауција од 5,2 милиони долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира