ОСТАНУВА ВЕТОТО НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ НА МАКЕДОНИЈА СО ЕУ, ОБЈАВИ НОВАТА ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА НА БУГАРИЈА

    ОСТАНУВА ВЕТОТО НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ НА МАКЕДОНИЈА СО ЕУ, ОБЈАВИ НОВАТА ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА НА БУГАРИЈАСтефан Јанев ќе раководи со бугарската влада во наредните два-три месеци (Фото: Ројтерс)

    Новата привремена влада на Бугарија објави дека нема да го тргне ветото од почетокот на пристапните преговори на Македонија со Европска Унија.

    Минатиот ноември, Бугарија го блокираше официјалниот старт на преговорите поради спорот околу историјата и јазикот. Софија исто така го обвини Скопје за говор на омраза и дека не го спроведува билатералниот договор за пријателство од 2007 година.

    „Позицијата на Бугарија во врска со овој проблем беше прифатена со консензус на сите политички партии во парламентот. Како привремена влада, ние немаме овластување да го промениме тоа“, изјави новиот министер за надворешни работи Светлан Стоев.

    Тој кажа дека ќе направи напори да продолжи дијалогот со Скопје.

    „Отсега, сè е во рацете на властите во Македонија. Тие многу добро ја знаат бугарската позиција и не би требало да шпекулираат дали таа ќе се промени во наредните два-три месеци“, рече Стоев.

    Бугарија денеска доби привремена влада на чело со Стефан Јанев, откако ниедна партија не успеа да договори коалиција по изборите на 4 април. Поради тоа, претседателот Румен Радев закажа нови избори на 11 јули.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира