ОСТАВКА НА ХОЛАНДСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ОТИ ВЛАДАТА НЕ УСВОИ САНКЦИИ ПРОТИВ ИЗРАЕЛ

    ОСТАВКА НА ХОЛАНДСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ОТИ ВЛАДАТА НЕ УСВОИ САНКЦИИ ПРОТИВ ИЗРАЕЛМинистерот Каспар Велдкамп е поранешен холандски амбасадор во Израел. (Фото: АП)

    Холандскиот министер за надворешни работи, Каспар Велдкамп, поднесе оставка откако на владината седница не беа донесени санкции против Израел, ослабувајќи ја веќе кревката привремена влада на Холандија. Колегите на Велдкамп од центристичката партија Нов општествен договор (НСК) исто така ја напуштија седницата откако дебатата синоќа дојде до ќорсокак околу усвојувањето построги мерки против Израел.

    Дискусиите за преземање понатамошни чекори против Израел следат откако Холандија на 21 август им се придружи на 20 земји во потпишувањето заедничка декларација со која се осудуваат израелските планови за изградба на нелегална населба на окупираниот Западен Брег. Критичарите велат дека населбата од 3.400 куќи ќе ја подели територијата на половина.

    Холандија во јули им забрани на крајно десничарските израелски министри Итамар Бен-Гвир и Бецалел Смотрич да влезат во земјата.

    По вчерашната седница, Велдкамп – поранешен амбасадор во Израел – изјави дека „не е доволно способен да преземе значајни дополнителни мерки“. Во изјавата во која ја објави својата оставка, тој рече дека „живееме во време на невидена геополитичка тензија, каде што дипломатијата е поважна од кога било“.

    Поддржувајќи го неговиот став, партијта НСК рече дека нејзините коалициски партнери, централно-десничарската Народна партија за слобода и демократија (ВВД) и популистичкото Движење на земјоделци-граѓани (БББ), „одбиваат да ја признаат алармантната ситуација во Газа и да преземат неопходни мерки“.

    Обединетите нации вчера за првпат потврдија дека има глад во градот Газа и неговата околина и дека над пола милион луѓе се соочуваат со „глад, сиромаштија и смрт“. Израел го негира овој факт.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира