ОСУМ ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО ОТКАЖА МОТОР НА АВИОН ПРИ ПОЛЕТУВАЊЕ ВО ЛОНДОН

    ОСУМ ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО ОТКАЖА МОТОР НА АВИОН ПРИ ПОЛЕТУВАЊЕ ВО ЛОНДОНОд авиокомпанијата „Лаудамоушн“ соопштија дека екипажот решил да се откаже од полетувањето поради проблем со мотор. (Фото: Скај Њуз)

    Осум патници беа повредени откако на авион на „Лаудамоушн“ му откажа мотор при полетување на аеродромот „Стенстед“ во Лондон во петокот вечер. Авионот Ербас А320, кој требаше да лета за Виена, почнал нормално да забрзува, но по 15 секунди се слушнала силна експлозија, по што авионот забавил до застанување, а патниците беа евакуирани.

    Портпарол на аеродромот кажа дека осум патници се повредени, но дека нивните повреди се лесни. Од „Лаудамоушн“ на Твитер соопштија дека екипажот решил да се откаже од полетувањето поради проблем со мотор и дека евакуацијата на патниците била превентивна.

    Поради инцидентот, три часа беа суспендирани сите летови на аеродромот во Лондон.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари