ОСУМ ЗАГИНАТИ И НАД 200 УНИШТЕНИ ДОМОВИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ПОЖАРИ ВО АВСТРАЛИЈА

    ОСУМ ЗАГИНАТИ И НАД 200 УНИШТЕНИ ДОМОВИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ПОЖАРИ ВО АВСТРАЛИЈАПовеќе од 100 пожари и натаму се активни во Нов Јужен Велс (Фото: АП)

    Австралија ангажираше воени бродови и авион за да им помогне на заедниците опустошени од катастрофалните пожари во кои што досега загинаа 17 луѓе, од кои осум само во изминатите три дена.

    Тие носат вода, храна, лекови и гориво во градовите до кои нема пристап поради пожарите, при што во последниот бран беа уништени повеќе од 200 домови во Нов Јужен Велс, една од најтешко погодените области. Големи штети има и во градовите Кобарго и Конџола Парк. Повеќе од 100 пожари и натаму се активни во Нов Јужен Велс, но ситуацијата веќе не е така алармантна.

    Кобарго во Нов Јужен Велс тешко настрада во пожарите (Фото: АП)

    Главен пат во сојузната држава Викторија беше отворен на два часа за да им се овозможи на луѓето да заминат.

    Од понеделникот, седум тела се пронајдени во Нов Јужен Велс и едно во Викторија, додека уште две лица се водат како исчезнати.

    Чадот од пожарите во Австралија стигна и до Нов Зеланд, каде што жителите на Саут Ајленд утрово се разбудиле со портокалово небо.

    Околу 4.000 жители на крајбрежниот град Малакута беа принудени да избегаат на плажа, а десетици куќи изгореа пред ветерот да го промени правецот и да го спаси остатокот од градот. Бродовите донесоа 1,6 тони вода во Малакута, додека во исто време, полицијата ги предупреди жителите на Санбери, 40 километри од Мелбурн, да ја напуштат областа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира