ОТКАКО ДОБИ УШТЕ 10 АВИОНИ „МИГ“, ЗЕЛЕНСКИ БАРА ОД ПОЛСКА ДА ГИ ПРИТИСНЕ ЗАПАДНИТЕ СОЈУЗНИЦИ ЗА ПОМОДЕРНИТЕ АВИОНИ

    ОТКАКО ДОБИ УШТЕ 10 АВИОНИ „МИГ“, ЗЕЛЕНСКИ БАРА ОД ПОЛСКА ДА ГИ ПРИТИСНЕ ЗАПАДНИТЕ СОЈУЗНИЦИ ЗА ПОМОДЕРНИТЕ АВИОНИЗеленски вчера беше во официјалната посета на Полска (Фото: АП)

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Полска ќе помогне да се формира западна коалиција за испраќање борбени авиони во Украина, додека нејзината војска продолжува да го брани Бахмут, за кој и натаму се водат жестоки борби. За време на вчерашната посета на Варшава, Зеленски нагласи дека Полска успеа да ги притисне западните сојузници да ѝ дадат модерни тенкови на Украина и верува дека би можела да одигра ваква улога и во поглед на авионите.

    Полската влада соопшти дека ќе испрати уште десет авиони „миг-29“ во Украина, покрај веќе ветените четири, но засега нема согласност од САД и другите западни сојузници за испраќање на помодерните авиони „Ф-16“, како што бара Киев.

    Во исто време, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кажа дека Русија мора да одржи врски со Вашингтон, и покрај сите испораки на оружје во Украина.

    Зеленски кажа дека украинските сили се соочуваат со тешка ситуација во битката за Бахмут и дека војската ќе донесе соодветни одлуки за да ги заштити, ако се најдат во опасност од окружување.

    Ние сме во Бахмут и непријателот не го контролира“, кажа Зеленски, реагирајќи на тврдењата на руската страна дека го освоила градот.

    Украинската војска денеска соопшти дека Русите продолжуваат со жестоките напади на Бахмут, кој заедно со Авдивка и Маринка е во епицентарот на борбите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира