ОТРУЕНИОТ НАВАЛНИ ПЛАНИРА ДА СЕ ВРАТИ ВО РУСИЈА ПО ЛЕКУВАЊЕТО

    ОТРУЕНИОТ НАВАЛНИ ПЛАНИРА ДА СЕ ВРАТИ ВО РУСИЈА ПО ЛЕКУВАЊЕТОНавални ја објави првата фотографија од болницата во Берлин и кажа дека сега дише слободно (Фото: Инстаграм)

    Отруениот руски опозиционер Алексеј Навални ќе се врати во Русија, изјави неговата портпаролка.

    „Не ми е јасно зошто некој би мислел поинаку“, кажа Кира Јармиш.

    Навални првпат се огласи од берлинската болница „Чарите“ и кажа дека почнал слободно да дише.

    „Сѐ уште не можам ништо да правам, но вчера за првпат цел ден дишев слободно, без каква било помош. Тоа многу ми се допадна“, напиша Навални на Инстаграм.

    Навални беше префрлен на лекување во Германија откако на 20 август му се слоши во авион додека леташе од сибирскиот град Томск до Москва. Германска воена лабораторија ги потврди сомнежите на неговите приврзаници дека тој бил отруен и Франција и Шведска дополнително потврдија дека станува збор за советскиот нервен отров новичок.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира