ОТВОРЕНИ СМЕ ЗА РАЗГОВОРИ ЗА ДОГОВОРОТ ЗА УКРАИНСКОТО ЖИТО, МУ КАЖА ПУТИН НА ЕРДОГАН ВО СОЧИ

    ОТВОРЕНИ СМЕ ЗА РАЗГОВОРИ ЗА ДОГОВОРОТ ЗА УКРАИНСКОТО ЖИТО, МУ КАЖА ПУТИН НА ЕРДОГАН ВО СОЧИЕрдоган досега имаше важна улога во убедувањето на Путин да се придржува до договорот (Фото: АП)

    Владимир Путин му кажа на Реџеп Таип Ердоган дека Русија е отворена за разговори за договорот за извоз на украинското жито преку Црното Море, откако турскиот претседател денеска пристигна во руското одморалиште Сочи. Русија се повлече од договорот во јули, жалејќи се дека извозот на руските храна и ѓубриво се соочува со пречки и дека недоволни количини украинско жито одат во земји на кои што им е најпотребно.

    Ердоган, кој досега имаше важна улога во убедувањето на Путин да се придржува до договорот, се обидува да го наговори рускиот лидер да се врати во договорот.

    „Знам дека сакате да го покренете прашањето за договорот за житото. Ние сме отворени за разговори по ова прашање“, кажа Путин.

    Ердоган му возврати дека светот чека позитивни вести за договорот.

    „Сите го чекаат исходот на денешниот состанок. Верувам дека пораката што ќе ја испратиме ќе биде важен чекор за целиот свет, особено за африканските земји“, рече Ердоган.

    Од повлекувањето од договорот, Русија интензивно ги ракетира украинските пристаништа на Црното Море и Дунав, што се случи и ноќеска. Путин најави дека Русија ќе се врати во договорот ако западот го испочитува меморандумот за олеснување на извозот на руските храна и ѓубриво. Тие не се најдоа под западните санкции, но Русија кажа дека испораките се попречени од ограничувањата во плаќањето, логистиката и осигурувањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира