ПАДНАА СЕРВИСИТЕ НА ГУГЛ, НЕ РАБОТАТ НИ ЈУТЈУБ И ЏИМЕИЛ

    ПАДНАА СЕРВИСИТЕ НА ГУГЛ, НЕ РАБОТАТ НИ ЈУТЈУБ И ЏИМЕИЛПрвите проблеми биле забележани пред 13 часот, а меѓу погодените апликации е и Јутјуб (Фото: Јутјуб)

    Апликациите на Гугл, вклучувајќи ги и Јутјуб и Џимеил, паднаа денеска во голем број европски држави и во остатокот на светот, во ретко голем дефект што ги има погодено серверите на компанијата.

    Голем број корисници не можат да пристапат на некои од најпопуларните услуги на Гугл, како Гугл драјв, Мепс, Докс и Андроид Плеј стор. Првите проблеми биле забележани пред 13 часот, при што корисниците при отворањето на страниците добиваат одговор дека има привремена грешка.

    „Свесни сме за проблемите со кои се соочуваат голем број наши корисници“, соопшти Гугл.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира