ПАКЕТОТ ЗА ЗАЗДРАВУВАЊЕ ОД КОВИД-19 ЌЕ СЕ ПОДЕЛИ БЕЗ ПОЛСКА И УНГАРИЈА АКО ДО УТРЕ НЕ ГО ТРГНАТ ВЕТОТО ОД БУЏЕТОТ НА ЕУ

    ПАКЕТОТ ЗА ЗАЗДРАВУВАЊЕ ОД КОВИД-19 ЌЕ СЕ ПОДЕЛИ БЕЗ ПОЛСКА И УНГАРИЈА АКО ДО УТРЕ НЕ ГО ТРГНАТ ВЕТОТО ОД БУЏЕТОТ НА ЕУУнгарскиот и полскиот премиер Орбан и Моравјецки се спротивставија на идејата одобрувањето на фондовите да зависи од почитувањето на владеењето на правото (Фото: Ројтерс)

    Полска и Унгарија до утре треба да се изјаснат дали ќе го тргнат ветото од новиот седумгодишен буџет на Европската Унија, кој содржи и пакет за заздравување од коронавирусот, во спротивно, прашањето ќе биде решено без овие две членки, изјави висок дипломат од Брисел.

    Варшава и Будимпешта го блокираа изгласувањето на буџетот, откако Брисел го услови одобрувањето фондови со почитување на владеењето на правото и на демократските норми.

    „Ни треба согласност од Полска и Унгарија најдоцна до утре. Ако не ја добиеме, преминуваме на Б сценарио“, кажаа од Брисел.

    Ова сценарио значи дека 750-те милијарди евра од пакетот за заздравување ќе бидат распределени во вид на грантови и заеми меѓу останатите 25 членки на Унијата, без Полска и Унгарија. Истовремено, седумгодишниот буџет од 1.100 милијарди евра и натаму ќе остане блокиран. Притоа, Европската Унија ќе се финансира преку привремен буџет во 2021, при што нема да се троши на нови проекти и драстично ќе се намали поддршката за веќе почнатите.

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира