„ПАКИСТАН ЕРЛАЈНС“ ДОБИ КРИТИКИ ЗА РЕКЛАМАТА НА КОЈА АВИОН СЕ ДВИЖИ КОН АЈФЕЛОВАТА КУЛА

    „ПАКИСТАН ЕРЛАЈНС“ ДОБИ КРИТИКИ ЗА РЕКЛАМАТА НА КОЈА АВИОН СЕ ДВИЖИ КОН АЈФЕЛОВАТА КУЛАПакистанскиот премиер Шехбаз Шариф нареди истрага за рекламата (Фото: ПИА)

    Водечкиот пакистански авиопревозник се доби големи критики откако објави реклама која прикажува авион како се движи кон Ајфеловата кула.

    Со рекламата се најавува враќањето на летовите на „Пакистан ерлајнс“ кон Париз и е проследена со текстот „Париз, доаѓаме денеска“. Некои корисници на социјалните мрежи забележаа дека рекламата наликува на терористичките напади на САД од 11 септември 2001.

    Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф нареди истрага за рекламата, која беше објавена минатата недела, а таа беше критикувана и од вицепремиерот Ишак Дар.

    Во нападите на 11 септември беа киднапирани четири патнички авиони, од кои три беа урнати во двете кули на Светскиот трговски центар во Њујорк и во Пентагон во Вашингтон, при што загинаа повеќе од 3.000 луѓе. Наводниот организатор на нападите Халид Шеик Мохамад беше уапсен во Пакистан во 2003.

    „Немам зборови. Зарем во ‘Пакистан ерлајнс‘ не слушнале за трагедијата од 11 септември“, кажа пакистанскиот новинар Омар Кураиши.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира