Пакистан објави дека во знак на добра волја ќе го ослободи пилотот кој беше заробен вчера по соборувањето на два индиски борбени авиони.
Премиерот Имран Кан ја соопшти одлуката во парламентот, додавајќи дека тоа го прават за да ја смират ситуацијата во регионот Кашмир, кадешто се закануваше да избие нова војна помеѓу двете нуклеарни сили.
„Заробивме индиски пилот, но во интерес на мирот, ќе го ослободиме денеска“, изјави Кан.
Индија во вторникот бомбардираше цели во Пакистан, откако тамошни милитанти убија 40 индиски војници, на што Пакистан возврати со воздушни напади, тврдејќи дека во прашање не биле воени мети. Индија претрпи тежок удар кога вчера ѝ беа соборени два авиони, а еден од пилотите беше уапсен.