ПАЛЕЊЕТО ЗНАМЕ НА ДРУГА ДРЖАВА ЌЕ СЕ КАЗНУВА СО ЗАТВОР ВО ГЕРМАНИЈА

    ПАЛЕЊЕТО ЗНАМЕ НА ДРУГА ДРЖАВА ЌЕ СЕ КАЗНУВА СО ЗАТВОР ВО ГЕРМАНИЈАЈавното палење знаме нема никаква врска со мирен протест, кажаа германската влада (Фото: ДПА)

    Германија го забрани јавното палење на знамето на Европската Унија и на други држави и го окарактеризира тоа како злосторство од омраза, за што може да се добие затворска казна до три години. Бундестагот притоа го израмни сквернавењето на странските знамиња со она на германското знаме.

    Истото важи и за химната на ЕУ, „Ода на радоста“ од Бетовен.

    Гласањето во парламентот уследи откако Социјалдемократската партија се пожали на палењето на израелското знаме во Берлин во 2017 година.

    „Јавното палење знаме нема никаква врска со мирен протест. Тоа поттикнува омраза, гнев и агресија и ги повредува чувствата на многу луѓе“, изјави министерката за правда Кристине Ламбрехт.

    Шпанија, Италија и Грција исто така имаат закон против сквернавењето на националното знаме.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира