ПАНДЕМИЈАТА ГО НАМАЛИЛА ОЧЕКУВАНИОТ ЖИВОТЕН ВЕК НАЈМНОГУ ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

    ПАНДЕМИЈАТА ГО НАМАЛИЛА ОЧЕКУВАНИОТ ЖИВОТЕН ВЕК НАЈМНОГУ ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНАПадот е поголем кај мажите отколку кај жените (Фото: ДПА)

    За време на пандемијата, очекуваниот животен век во многу западни земји опаднал најмногу од Втората светска војна, покажа ново истражување.

    „Напредокот од изминатите години беше целосно избришан во еден краток временски период“, велат истражувачите од Центарот за демографија при Универзитетот Оксфорд.

    Падот е поголем кај мажите отколку кај жените, според истражувањето кое ги проучуваше податоците од 29 земји, повеќето од Европа, но и од Чиле и САД. Очекуваниот животен век опаднал во 27 од испитаните земји во 2020, при што тој се намалил за повеќе од пола година во 22 држави.

    „Последен пат кога западноевропските земји како Шпанија, Англија, Италија и Белгија имале вака големо опаѓање на очекуваниот животен век било за време на Втората светска војна“, вели Хосе Мануел Абурто, коавтор на истражувањето.

    Животниот век на мажите најмногу се намалил во САД, за 2,2 година во споредба со 2019.

    Во Шпанија, која е најдобро оценета земја во истражувањето, очекуваниот животен век за жени е 85 години, а 79,6 за мажи, додека во 2019 изнесувал 86,5 и 81 година. Во Бугарија, која е најниско рангирана, очекуваниот животен век е намален на 77,3 години за жени и 69,9 за мажи, во споредба со 78,6 и 71,5 во 2019.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира