ПАНИКА ВО СЕУЛ ОТКАКО СЕВЕРНА КОРЕЈА НЕУСПЕШНО ЛАНСИРАШЕ ШПИОНСКИ САТЕЛИТ

    ПАНИКА ВО СЕУЛ ОТКАКО СЕВЕРНА КОРЕЈА НЕУСПЕШНО ЛАНСИРАШЕ ШПИОНСКИ САТЕЛИТВластите во Северна Кореја кажаа дека се случила несреќа при лансирањето (Фото: АП)

    Сирени за тревога и повици за евакуација утрово се огласија во Сеул, откако Северна Кореја се обидела да лансира сателит. Пјонгјанг претходно најави дека до 11 јуни ќе го лансира својот прв шпионски сателит, со цел да ги следи активностите на американската војска.

    Властите во Северна Кореја кажаа дека се случила несреќа при лансирањето, поради што сателитот паднал во морето и ветија дека наскоро ќе направат нов обид.

    Лансирањето предизвика хаос и паника во Сеул, чии граѓани беа разбудени од сирените за тревога и известувањата да се подготват за евакуација, што беше поништено по 20 минути.

    Бев многу испаничен. Линиите за итни случаи беа зафатени, а интернетот беше бавен“, изјави 33-годишен жител на Сеул.

    Градоначалникот Ох Се-хон призна дека пораките за евакуација биле претерана реакција и најави дека градот ќе го подобри системот за предупредување за да се избегне конфузија.

    Јужнокорејската војска соопшти дека севернокорејската ракета веројатно се распаднала во воздух или паднала откако претходно исчезнала од радарот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира