ПАПАТА ЛАВ ИЗЛЕЗЕ ОД БОЛНИЦА 4 ДЕНА ПО ОПЕРАЦИЈАТА ОД РАК НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ

    ПАПАТА ЛАВ ИЗЛЕЗЕ ОД БОЛНИЦА 4 ДЕНА ПО ОПЕРАЦИЈАТА ОД РАК НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИПапата Лав  на 13 октомври беше опериран за отстранување на долниот резен од десното белодробно крило. (Фото: АП)

    Насмеаниот папа Лав попладнево ја напушти болницата во Рим и се врати во Ватикан, четири дена по операцијата на рак на белите дробови – болест што поттикна шпекулации за тоа како би можел да се промени неговиот 17-месечен понтификат. Папата пеш и без туѓа помош стигна до автомобилот што го чекаше, поздравувајќи ги присутните пред римската болница „Џемели“. Тој застана за да поразговара со 13-годишното девојче Варвара од Украина, кое престојува во Италија поради лекување од рак.

    Лав (71) беше фотографиран како широко се насмевнува и мавта низ отворениот прозорец додека неговиот црн теренец го напушташе болничкиот круг. На видеоснимката објавена од Ватикан, се гледа дека тој е во добро расположение додека заминува од болницата. Неговите лекари денеска изјавија дека тој е доволно добро за да се врати дома, откако беа направени последните анализи на крвта и снимање на градниот кош, и додадоа дека тој може самостојно да ги извршува секојдневните активности.

    Папата Лав  на 13 октомври беше опериран за отстранување на долниот резен од десното белодробно крило, ќе ја има својата прва јавна активност по операцијата утре напладне, кога ќе ги предводи неделните молитви со аџиите, обраќајќи им се од својот стан со поглед кон плоштадот „Свети Петар“.

    Дијагностициран му е аденокарцином на белите дробови, најчестиот облик на рак на белите дробови. Оваа дијагноза за папата – кој важи за релативно млад и енергичен, а беше избран во мај 2025 – предизвика шок и отвори прашања за идниот тек на неговиот понтификат. Лекарите на папата изјавија дека операцијата поминала успешно и без компликации. Тие сè уште не открија колкав бил туморот, ниту дали болеста се проширила на околните лимфни јазли – што се клучни фактори за одредување на прогнозата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира