ПАРИЗ ЦЕЛОСНО ЌЕ СЕ ПРЕФРЛИ НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ ДО 2030

    ПАРИЗ ЦЕЛОСНО ЌЕ СЕ ПРЕФРЛИ НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ ДО 2030Париз со години се бори со преголема загаденост на воздухот, за која најмногу придонесува транспортот (Фото: Ројтерс)

    Властите на Париз донесоа одлука за забрана за користење на сите бензински и дизел-возила во градот до 2030 година.

    Со оваа одлука, најпосетениот град на светот сака да го забрза преминот кон електрични возила, како резултат на зголемената загаденост на воздухот.

    „Тука станува збор за долгорочно планирање, за стратегија која ќе го намали количеството на штетни гасови. Транспортот е еден од најголемите произведувачи на вакви гасови. Затоа планираме, најдоцна до 2030 година, целосно да ги исфрлиме од употреба возилата со внатрешно согорување“, изјави Кристоф Најдовски, задолжен за транспортната политика во кабинетот на градоначалничката Ан Идалго.

    Париз ќе биде домаќин на Летните олимписки игри во 2024 година и планираше до тогаш да го забрани возењето на дизел-автомобилите низ градот.

    За да го намали загадувањето, Париз досега носеше непопуларни привремени одлуки, како зони без автомобили, денови без автомобили и казни за возачите кои возеа автомобили постари од 20 години.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира