ПАРИЖАНИ ГО ОДБЕЛЕЖАА ПРВИ МАЈ СО КРШЕЊЕ И ПАЛЕЊЕ

    ПАРИЖАНИ ГО ОДБЕЛЕЖАА ПРВИ МАЈ СО КРШЕЊЕ И ПАЛЕЊЕВо прославата на Први Мај во Париз настрада еден ресторан „Мекдоналдс“ (Фото: Ројтерс)

    Вандализам и насилство ја одбележаа прославата на Меѓународниот ден на трудот во Париз, кадешто стотици демонстранти го кренаа својот глас против економската политика на претседателот Емануел Макрон.

    Некои од учесниците кршеа прозорци на ресторан „Мекдоналдс“ и исфрлија и запалија мебел на улица, откако маршот се вжешти и стана насилен. ТВ-снимките покажаа и како демонстранти превртуваат еден автомобил и потоа го палат.

    Оваа година, најбурно за Први Мај беше во Париз (Фото: Ројтерс)

    Министерот на внатрешни работи Жерар Колон на Твитер ги осуди насилството и вандализмот.

    „Над 1.200 маскирани луѓе имаше на протестот. Тие фрлија молотов коктел врз ресторан ‘Мекдоналдс‘ и го запалија“, објави полицијата.

    Освен ресторанот, беше оштетен и еден салон на „Рено“.

    Варшава (Фото: Ројтерс)

    Берлин (Фото: Ројтерс)

    Манила (Фото: Ројтерс)

    Москва (Фото: Ројтерс)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира