ПАРЛАМЕНТОТ ГО ОДБИ ПЛАНОТ ЗА БРЕГЗИТ НА ТЕРЕЗА МЕЈ

    ПАРЛАМЕНТОТ ГО ОДБИ ПЛАНОТ ЗА БРЕГЗИТ НА ТЕРЕЗА МЕЈВладата на Меј го доживеа најголемиот пораз во Парламентот во историјата (Фот: АП)

    Планот на британската премиерка Тереза Меј за  излез на Обединетото Кралство од Европската унија (Брегзит) е одбиен во Парламентот со 230 гласови – најголемиот пораз на една влада во историјата. Пратениците гласаа 432 „за“ и 202 „против“ да се одбие планот со кој се дефинира начинот на излез на Британија од ЕУ на 29 март.

    Лидерот на лабуристите Џереми Корбин побара гласање за доверба на владата, што може да доведе до предвремени избори.

    Меј рече дека дебатата за тоа ќе ја стави на дневен ред утре.

    Ако пратенците изгласаат недоверба, Владата, или бил кој што ќе има мнозинство, ќе има 14 дена за да добие уште едно гласање доверба. Ако ни тоа не го добијат, ќе се одржат парламентарни избори.

    Гласањето значи натамошен хаос во британската политика на само 10 недели пред земјата да излезе од ЕУ на 29 март. Не е јасно дали тоа ќе ја натера Владата да избере излез од ЕУ без договор, или ќе ја натера на помек излез, дали ќе донесе нови избори или ќе овозможи втор референдум којшто ќе ја смени одлуката на Британија за заминување од Унијата.

    Меј, која што ја предводи слабата конзервативна малцинска влада, излегувањето од ЕУ го направи своја главна задача уште кога стапи на функцијата во 2016, по одлуката за Брегзит.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира