ПАРТИЈАТА НА ХОЛАНДСКИОТ ПРЕМИЕР РУТЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:51:"Холандија,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПАРТИЈАТА НА ХОЛАНДСКИОТ ПРЕМИЕР РУТЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ

    Партијата на  холандскиот премиер Марк Руте има освоено најмногу пратенички места на парламентарните избори, велат првите излезни анкети по гласањето. Неговата централно-десничарска партија ВВД освои 31 од 150 места, според анкетите. Неговата партија е далеку понапред од следните три партии, вклучувајќи ги антиимиграциската Партија на слободата на Герт Вилдерс (ВВП), демохристијаните и партијата Д66, од кои секоја доби по 19 места.

    Партијата на Вилдерс водеше во анкетите за јавното мислење, но поддршката за партијата почна да опаѓа во последните неколку дена. Излезноста на гласачите на изборите беше голема, а експертите велат дека може да достигне 80%. Аналитичарите велат дека од високиот одѕив на гласачите може да имаат корист проевропските и либералните партии.

    Лидерот на кампања за партијата на Руте изјави дека гласачите ја дале “довербата повторно” на ВВД. Многумина внимателно го следеа гласањето во Холандија, како показател за тоа како популистичките партии ќе поминат на изборите во другите земји на ЕУ. Франција ќе излезе на избори следниот месец да се избере нов претседател, додека Германија ќе одржи општи избори во септември.

    Бидејќи пратеничките места се распределени во точна пропорција со уделот на гласовите на партијата, ВВД ќе треба да оди во коалиција со други партии. На ВВД ќе и требаат најмалку три други партии за да може да обезбеди мнозинство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира