ПАТНИЧКИ АВИОН СЕ УРНА ПО ПОЛЕТУВАЊЕТО ОД МОСКВА

    ПАТНИЧКИ АВИОН СЕ УРНА ПО ПОЛЕТУВАЊЕТО ОД МОСКВААвион Антонов Ан-148 на руската компанија „Саратов Ерлајнс“, каков што се урна денеска близу Москва.

    Руски авион со 65 патници се урна откако исчезна од радарските екрани по полетувањето од Москва, јавија руските медиуми. Регионалниот авион Ан-148 на „Саратов Ерлајнс“ беше на пат за градот Орск, кога исчезна.

    Извор од службите за спасување за агенцијата „Интерфакс“ потврдиле дека авионот е урнат и дека нема шанси некој да преживеал. Во авионот имало и шест членови на посадата, додаде изворот.

    Авионот паднал близу селото Аргуново, околу 80 километри југоисточно од Москва.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира