ПАУЗАТА ВО ТЕСТИРАЊЕТО НА ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА ОКСФОРД Е РУТИНСКА ПРОЦЕДУРА И МОЖЕ ДА ПОТРАЕ НЕКОЛКУ ДЕНА

    ПАУЗАТА ВО ТЕСТИРАЊЕТО НА ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 НА ОКСФОРД Е РУТИНСКА ПРОЦЕДУРА И МОЖЕ ДА ПОТРАЕ НЕКОЛКУ ДЕНАВакцината на Оксфорд успешно ги поминала првата и втората фаза од тестирањето, а во завршната фаза учествуваат 30.000 волонтери (Фото: ЕПА)

    Универзитетот Оксфорд и британската фармацевтска компанија „АстроЗенека“ привремено го прекинаа завршното тестирање на својата вакцина против ковид-19, која важи за најнапредна, поради, како што кажаа, необјаснива болест на еден од волонтерите. Тоа е стандардна процедура во тестирањата на вакцини, со цел да се осигура дека тие нема да предизвикаат сериозни реакции кај учесниците.

    „Ова се случува при големи испитувања. Како дел од тековното контролирано глобално испитување на вакцината против ковид-19 на Оксфорд, нашиот стандарден процес на проверка предизвика пауза во вакцинирањето за да се овозможи преглед на безбедносните податоци“, соопшти „АстроЗенека“.

    Вакцината на Оксфорд успешно ги поминала првата и втората фаза од тестирањето, а завршната фаза се спроведува во САД, Велика Британија, Јужна Америка, Азија, Европа и Африка, во што учествуваат 30.000 волонтери.

    „Ова е рутински прекин кој задолжително се случува секој пат кога ќе се појави потенцијално необјаснива болест на некое од тестирањата. Тоа мора добро да се истражи за да се зачува интегритетот на тестирањата. Секој поединечен настан забрзано се испитува за да се минимизира неговото влијание врз временскиот рок на тестирањето. Ние остануваме посветени на безбедноста на учесниците и на највисоките стандарди на тестирањето“, велат од компанијата.

    Се очекува паузата во тестирањата да трае неколку дена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира