ПАЗАРНАТА ВРЕДНОСТ НА ФЕЈСБУК ПАДНАЛА ЗА РЕКОРДНИ 230 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО ЕДЕН ДЕН

    ПАЗАРНАТА ВРЕДНОСТ НА ФЕЈСБУК ПАДНАЛА ЗА РЕКОРДНИ 230 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО ЕДЕН ДЕНПоради падот на акциите на „Мета“, богатството на Закерберг се намалило за 31 милијарда долари (Фото: Гети)

    Пазарната вредност на сопственикот на Фејсбук, „Мета“, паднала за повеќе од 230 милијарди долари вчера, што е рекордна дневна загуба за компанијата досега. Нејзините акции паднаа за 26,4% откако резултатите од последното тримесечје на 2021 ги разочараа инвеститорите.

    „Мета“ претходно соопшти дека бројот на дневни активни корисници на Фејсбук се намалил за првпат во неговата 18-годишна историја.

    Поради падот на акциите на „Мета“, богатството на нејзиниот извршен шеф Марк Закерберг наеднаш се намалило за 31 милијарда долари, што е рамно на годишниот бруто домашен производ на Естонија.

    „Мета“ предупреди дека ќе се намали и растот на приходите додека се соочува со силна конкуренција од ТикТок и Јутјуб, а и огласувачите го кратат трошењето. Компанијата предвидува дека во првото тримесечје од годината ќе има приходи меѓу 27 и 29 милијарди долари, што е помалку од она што го очекуваа аналитичарите.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира