ПЕНТАГОН НАРЕДИ ДА СЕ КОРИСТАТ И КОМЕРЦИЈАЛНИ АВИОНИ ВО ЕВАКУАЦИЈАТА ОД АВГАНИСТАН

    ПЕНТАГОН НАРЕДИ ДА СЕ КОРИСТАТ И КОМЕРЦИЈАЛНИ АВИОНИ ВО ЕВАКУАЦИЈАТА ОД АВГАНИСТАНАвиони на „Јунајтед“, „Американ Ерлајнс“ и „Делта“, нема да летаат директно во Кабул, туку ќе ги транспортираат луѓето кои веќе се евакуирани од Авганистан и патуваат во трети земји. (Фото: Њујорк Тајмс)

    Комерцијални авиони од САД ќе се користат за да помогнат со транспортот на луѓето евакуирани од Авганистан, соопшти Пентагон.

    Портпарол на американското Министерство за одбрана кажа дека 18 авиони, вклучувајќи од „Јунајтед“, „Американ Ерлајнс“ и „Делта“, нема да летаат директно во Кабул, туку ќе ги транспортираат луѓето кои веќе се евакуирани од Авганистан и патуваат во трети земји.

    Портпаролот вели дека не се очекува да има влијание на комерцијалните летови.

    Како што соопштија од Пентагон, секретарот за одбрана Лојд Остин го активирал ретко користениот закон за користење на цивилни авиони за да помогне со движењето на луѓето кои пристигнуваат во американските бази во Блискиот исток.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира